Симптоми на алергија на храната


Експертите од американската клиника Мајо, порачуваат дека алергијата на храната, може да варира и по јачината на реакцијата, од блага па се до онаа која е опасна по живот.

Што почуствувате сомнеж дека патите од алергија на храната, потребно е веднаш да отидете на испитување кај лекар.

Проблеми со кожата

Кожните проблеми како што еосипот е вообичаен симптом на алергија на храна. Од Универзитетот „Maryland Medical Center“, (UMMC), порачуваат дека голем број на луѓе ги мешаат интолеранцијата на храната со алергија. Алергијата по правило влијае на кожата и системот за варење, а симптомите се видливи во период, не подолг од два часа. Поради алергиската реакција како што е мал осип, не треба да паничите, туку во иднина избегнувајте ја ваквата храна. Поради јачината на реакцијата можеби е потребно да повикате лекар.

Воспаление

Воспалението и отокот се вообичаени симптоми на алергија. Отокот обично се јавува на усните, очните капаци, лицето, јазикот или грлото, но може да се појави и на други места. По појавата на помали отоци, препорачливо е да се посети лекар, особено доколку забележите дека го имате на вратот. Додека не се тестирате, избегнувајте храна за која се сомневате дека сте алергични, затоа што во најлош случај би можело да дојде до затнување на дишните патишта.

Вртоглавица и губење на свеста

Голем број на луѓе кои се алергични на храна, чуствуваат вртоглавица, замор, а во поголем број на случаеви и губење на свеста. Може да станува збор за благи симптоми, но може да биде и случај со анафилактичен шок. Поради ваквата причина истите не треба да се игнорираат, туку веднаш треба да се побара лекарска помош. Анафилактичниот шок е максимална форма на почеток на алергиска реакција, а кај целосно развиен шок, можно е да дојде и до смрт.
Во некои случаеви, симптомите на алергија, можат да се добијат и со едноставно вежбање, кога се стимулира циркулацијата на крвта.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1