Борба против ПМС со храна


 

Стресен живот, притисок на работа и воопшто нездрав начин на живот води до нерамнотежа на хормоните во телото.

Резултататот од тоа особено го чувствуваат жените чии хормони се и онака измешани секој месец поради менструален циклус. Но, добра вест е дека некои хормонални проблеми може да се лекуваат со храна. Овде се некои од најчестите хормонски проблеми на жените и храна која може да ги излекува.

1. Калциум за менструални грчеви.

Постојат многу причини за болни менструални грчеви кои ги чувствувате во тој период. Главна причина е природно грчење на матката која на тој начин ја исфрла својата содржина. Вие не можете многу да сторите кога е тоа во прашање, но зголемен внес на храна богата со калциум ќе ја намали болката. Продукти како млеко, јогурт и сирење кои се богати со калциум може да ги смират мускулите на матката.

2. Железо за обилно крварење.

Особено е вообичаено за жените одеднаш да добијат многу обилни менструации. Тоа е силен сигнал од телото кој ви зборува дека вашите резерви на железо се ниски. Тешки крварења исто така може да настанат поради циста на јајници која се развива како резултат на подигање на нивото на хормоните. Премногу крварење дополнително ќе ја исцрпи резервата на железо во телото. Значи, во тој случај јадете храна богата со железо како црвено месо, пилешко, јајца и зелен лисест зеленчук. Во тек на период од неколку месеци, крварењата ќе се вратат во нормални пропорции.

3. Супер храна за „топли бранови“.

Доколку се приближувате во менопауза, тогаш сигурно знаете што се „топли бранови“. Нагло паѓање на нивото на естроген може да го наруши температурниот баланс на телото. Како резултат на тоа, се јавува неверојатно чувство на топлина во телото. Според едно истражување, секојдневно користење на ленено семе може да ги олесни овие хормонални проблеми за 66%.

4. Компир за промена на расположение.

Сите веќе знаеме дека компирот е неверојатна храна за подигнување на расположението, меѓутоа можеби не сте ја знаеле причината за тоа. Кога сте во состојба на ПМС – а, производството на хормонот серотонин е намалена. Значи, поради тоа се чувствувате вознемирено и немирно. Компирот содржи аминокиселина , триптофан, која е главна состојка на серотонинот. Конзумирање на компири во тие денови ќе ве смири за 10 минути

Share Button
Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1