Дел од Козле и околината денес без вода за пиење


Корисниците од населбите Нерези, Трнодол и Жданец и од улицата „Козле“ на потегот од број 80 до број 210 од 9 до 12 часот ќе останат без вода за пиење.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради изведување на приклучок со пречник од 150 милиметри на улицата „Козле“ бр.140 од страна на ЈП Водовод и Канализација.

И дел од Визбегово без вода
Околу 100 куќи кај Железниот мост и 10 магацини во селото Визбегово од 09 до 14 часот ќе бидат без вода.
– Прекинот во водоснабдувањето е поради изведување приклучок на улицата „2“ во селото Визбегово, информира РЦУК – Скопје.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1