Син на амбасадор стана амбасадор


Еден месец откако се испразни амбасадорската фотелја во Берлин, и откако новоименуваниот амбасадор Ненад Колев практично пред полетување се повлече од функцијата, се дозна името на новиот амбасадор на Македонија во најмоќната држава во Европската унија.

Тоа е Сашо Марковски, актуелен конзул на Македонија во Минхен, кој е на таа функција од минатата година.

mnr novo zgrada

Покрај Берлин, избран е и новиот амбасадор за Москва, а тоа е Гоце Карајанов, актуелен конзул на Македонија во Њујорк, инаку син на актуелниот амбасадор во Тирана, Стојан Карајанов.

Во Отава ќе замине Тони Димовски, актуелен прв човек на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, додека за Киев ќе оди Столе Змејковски, поранешен претставник на „Виталија“ во Белград, менаџер на супермаркет во синџирот на „Агрокор-идеја“ и претседател на здружението на македонските бизнисмени во Белград.

– Што станува со амбасадорските места што ги доби од „колачот“ ДУИ – се’ уште е мистерија, особено што едното од нив, во Женева, стои испразнето од минатата година. Празно е и Сараево каде што требаше да оди Хуад Хасановиќ, досегашен амбасадор во Катар, но заглави во обвинувања за финансиски злоупотреби. Иако именувани, новите амбасадори за Вашингтон, Атина, Катар и НАТО се’ уште чекаат да бидат испратени, а Василка Поповска-Треневска го чека сопругот Мартин Треневски да се врати од Брисел за во сменета улога да заминат за Виена, каде што таа ќе биде амбасадорка – пишува Утрински весник.

Референца за Гоце Карајанов да замине во Москва, по се’ изгледа, се завршените студии на московскиот Државен универзитет за меѓународни односи и познавањето на рускиот, покрај англискиот јазик. Карајанов е конзул во Њујорк од минатата година, а таму замина како кадар на МНР. Сашо Маркоски завршил економски студии на Универзитетот „Кирил и Методиј“, од 2007 година работи во МНР, а зборува германски и англиски. Тони Димовски се смета за кадар близок до премиерот Никола Груевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1