„Синот ќе ти умре ако не ми дадеш пари и злато“- лажна гатачка собирала пари со закани


Жена која се претставува како гатачка во последните десетина дена измамила две Нишлијки и од нив зела пари и накит во вредност дури од 3.600 евра.

Првин од В.С. (73) зела 3.000 евра, а потоа и покрај предепредувањата дека низ градот се шета опасна измамничка, Н.Р. (44) се согласила на „симнување на црна магија“ и за тоа платила дури 60.000 динари. Ограбената жена истакнува дека не може да си прости што измамничката ја пуштила дома.gatanje dlanka gatacka

Како хипнотизирана

-Таа жена ја затекнав кај золвата и од радозналост се согласив да ми бае. Таа инсистираше да ја донесам дома, а потоа почна да ме испитува за моите прилики дома,  вели Н.Р.

Откако жртвата рекла дека има син подготвен за женидба гатачката рекла дека можно е тој да е во голема опасност.

-Ми побара да и донесам јајце и пешкир. Рече: „Кога ќе го скршам јајцето, ако излезе змија, синот ќе ти умре“. Го удри јајцето и навистина излезе нешто што навистина личеше на змија! Сега сфаќам дека тоа беше некоја играчка, но тогаш бев како хипнотизирана. Викна:  „Сега знаеш што ќе биде со синот, и дај го побрзо целото злато и парите што ги подготви за свадба“ – изјави несреќната жена.

Таа на гатачкатаи и дала 300 евра, 13.000 динари и два златни прстени.

-Потоа ме испрати да најдам слика од синот, а за тоа време, наводно парите и златото ги завиткала во крпа, ги ставила под перница и ми рече да не ги чепкам три дена. Побара и да тргнам со неа за да го фрлам пешкирот со скршеното јајце каде таа ќе ми каже. Ме шеташе наоколу и велеше „Бог рече да одиш по овој пат“, а на крајот ми здосади и и реков „Господ мене ми рече да не одам“. Се вратив дома, ја одврзав крпата и видов дека внатре нема ништо, раскажа измамената жена.

Пријавила во полиција

Таа случајот веднаш го пријавила во полиција.

-Не верувам дека воопшто е од Србија. Имаше бугарски или романски акцент. Тоа е жена во средни години, убаво облечена, негувана…Не делуваше како да е измамничка, заклучува измамената нишлијка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1