НОВИ КАЗНИ: Ќе се казнуваат и совозачите!!!


Заострена казнена политика предвидуваат новите предлог законски решенија за јакнење на безедноста во сообраќајот. Очекуваме од јавноста да се вклучи во дебатата поврзана со новиот Закон за безбедност во сообраќајот на патиштата, а заинтересираните страни да дадатконструктивни сугестии кои надлежните ќе ги разгледаат,  велат од МВР каде се подготвува новиот закон.Soobrakajci-policija

Од Министерството за внатрешни работи објаснуваат дека промените се однесуват на зајакнување на казнената политика, односно зголемување на висината на казните посебно во делот на прекшоците кои, како што потенцираат, најчесто се јавуваат како прекшоци кои предизвикуваат најсериозни последици, а тоа е прекршок од брзина, прекршок од употреба на алкохол и ред други прекршоци.

Ова се некои од забраните, должностите и санкциите за прекршувањето на истите кои се предвидени во новиот Предлог- Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата:

Не е дозволено поставување на споменици на јавен пат

На јавниот пат, во заштитниот и воздушниот појас не е дозволено да се подигаат споменици, да се поставуваат рекламни паноа, табли, крајпатни и други спомен-знаци, рекламни табли, да се продаваат производи и слично, спротивно на условите и начинот пропишани со закон. На правното лицe кое постапува спротивно на одредбите од ставовите ќе му се издаде прекршочен платен налог со глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност. Прекршочен платен налог со глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на физичко лице кое постапува спротивно на предвиденото.

Совозачот да „седи мирен“

Лицето кое се превезува со возило, не смее на било кој начин да го попречува возачот во управувањето со возилото, да влијае врз возачот да управува со возилото на начин со кој се намалува безбедноста на сообраќајот, ниту да презема дејствија со кои ја загрозува сопствената безбедност или безбедноста на другите (отворање на врата, наведнување преку прозор, скокнување, искокнување од возилото и слично). Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност, ќе му се издаде на лицето кое постапува спротивно на одредбата од ставот  на овој член.

Забрана за користење на мобилен телефон

Возачот на моторно возило, за време на управувањето со возилото не смее да користи мобилен телефон, ниту други аудио и видео уреди, на начин кој би ја намалил можноста за реагирање и сигурно управување со моторното возило.

По исклучок од ставот  на овој член, мобилен телефон и други аудио и видео уреди можат да се користат за време на управување со моторно возило, ако притоа се употребува направа која овозможува нивно користење без употреба на раце.

Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на овие одредби. Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на лице кое постапува спротивно на овие одредби.

Задолжително носење шлем за велосипедистите

Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл, лесен четрицикл и четирицикл задолжително носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот.

Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед, треба да носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот.

Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед ноќе и во услови на намалена видливост треба да носат рефлектирачки елек за време на возењето на патот.

Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возачот и лицата кои постапуваат спротивно на предвиденото.

Не смее да се вози велосипед и да се води  животно

Возач на велосипед, на велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл, на лесен четирицикл и на четирицикл, за времето додека управува со возилото не смее да води животни.

Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност согласно со одредбите на овој закон, ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно на предвиденото.

Не смее да се игра на коловоз

На коловоз не смее да се игра, лизга, скија и санка, како и да се вози тротинет, ролери, скироли и друго.

На тротоар или друга површина определена за движење на пешаци, не смее да се игра или подолго време да се оставаат предмети, ако со тоа се попречува движењето на пешаците.

Прекршочен платен налог со глоба во износ од 30 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на лицето кое постапува спротивно на одредбите.

Проверување на алкохол во организмот

Полицискиот службеник може да го подложи возачот или возачот-инструктор на испитување со помош на соодветни средства и апарати (алкомер и друго) или да го одведе на стручен преглед заради проверување дали има алкохол во организмот или дали покажува знаци на алкохолна растроеност, односно дали се наоѓа под дејство на опојни дроги, психотропни супстанци или на други лекови на кои е означено дека не смеат да се употребуваат пред и за време на возењето.

Возачот или возачот-инструктор од ставот на овој член е должен да се подложи на испитувањето, односно на стручниот преглед на кој е упатен.

Анализа на крвта или на урината се врши кај возачот или возачот-инструктор кој негира дека е под дејство на алкохол, чие присуство во организмот е утврдено со соодветни средства или апарати, како и дека се наоѓа под дејство на опојни дроги, психотропни супстанци или на лекови на кои е означено дека не смеат да се употребуваат пред и за време на возењето ако поради тоа не би настапиле штетни последици за неговото здравје.

Ако со испитувањeто спроведено согласно одредбите на овој член е утврдено дека возачот или возачот-инструктор е под дејство на алкохол, опојни дроги, психотропни супстанции или на лекови на кои е означено дека не смеат да се употребуваат пред и за време на возењето, трошоците на испитувањето ги поднесува возачот, односно возачот-инструктор.

Мандатен платен налог со глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност во мандатна постапка согласно одредбите на овој закон, ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 60 негативни бодови на возачот односно возачот-инструктор кај кого со стручниот преглед на кој е упатен е утврдено дека е под дејство на алкохол или покажува знаци на алкохолно растројство. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување на моторно возило од три до 12 месеци, под услови и начин утврдени со закон.

Мандатен платен налог со глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бодови на возачот или возачот-инструктор согласно одредбите на овој закон, кој постапува спротивно на одредбите од ставовите на овој член. Покрај утврденот износ на глобата, на возачот или возачот-инструктор ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од 12 месеца, под услови и на начин утврдени со закон.

Задолжително врзување на појас

Возачот на моторно возило во кое се вградени сигурносни појаси и лицата кои се превезуваат со тоа возило, се должни да бидат врзани со тие појаси на начин утврден од производителот на возилото, за време додека возилото се движи во сообраќајот на пат.

Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот на моторното возило од ставот  на овој член, кој постапува спротивно на предвиденото.

Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на лицето кое се превезува со возилото.

Слепите лица да носат бел стап

Слепите лица, кога самостојно учествуваат во сообраќај како пешаци, задолжително треба да носат бел стап-како знак за распознавање.

Возилото што е направено со него да управува лице чии екстремитети суштествени за управување со возилото се оштетени, на барање на тоа лице може да биде обележано со посебен знак.

Посебниот знак од ставот на овој член, го изработува правно лице овластено од министерот за труд и социјална политика, кое ги исполнува условите во однос на соодветна материјално-техничка опрема и стручен кадар за изработување на посебниот знак.

На правното лицe кое го изработува посебниот знак без овластување од министерот за труд и социјална политика ќе му се издаде прекршочен платен налог со глоба во износ од 1 000 евра во денарска противвредност.

Движење на пешаци

Пешакот, по правило, не смее да се движи и да се задржува на коловозот, освен во случаи предвидени со законот.

Ако пешакот се движи по коловозот, тој задолжително треба да се движи што поблиску до работ на коловозот и тоа мошне внимателно и на начин на кој не го попречува или не го спречува сообраќајот на возилата.

Прекршочен платен со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност, ќе му се издаде на пешакот кој постапува спротивно на одредбите.

Пешакот кој е со намера да премине преку коловозот на место каде што не постои обележан пешачки премин, не смее да стапи на коловозот ако со тоа го попречува сообраќајот на возилата.

Прекршочен платен налог со глоба во износ од 30 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на пешакот кој постапува спротивно на одредбата.

На обележан пешачки премин на кој сообраќајот на пешаците е регулиран со светлосни сообраќајни знаци за пешаци, пешакот е должен да постапува според тие знаци.

Забрана за оштетување на патот или објектите на патот

Учесниците во сообраќајот не смеат да го оштетуваат патот или објектите на патот и да го попречуваат сообраќајот. Однесувањето на учесниците во сообраќајот што е спротивно на прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата, не ослободува друг учесник во сообраќајот од обврската сам да презема дејствија за отстранување на настанатата опасност и спречување на сообраќајна незгода.

Прекршочен платен налог со глоба во износ од 330 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на учесникот во сообраќај кој постапува спротивно на забраната.

Оштетени возила да не се оставаат на патот

Оштетените возила, предмети и материи што можат да ја попречат или загрозат безбедноста на сообраќајот, не смеат да се остават на патот или да се фрлаат на патот или во заштитниот појас.

Возачот е должен да ги отстрани од коловозот предметите кои од неговото возило ќе паднат и предметите кои при запирањето на возилото ги ставил на патот или во заштитниот појас.

Прекршочен платен налог со глоба во износ од 150 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возачот кое постапува спротивно на одредбите од ставовите.

Возачот задолжително да обрне внимание на пешаците

Возачот е должен да обрне внимание на пешаците кои се наоѓаат на коловозот или кои започнале да чекорат по коловозот.

Кога приоѓа кон обележан пешачки премин, возачот е должен да управува со возилото и да вози со таква брзина што овозможува во случај на потреба да го запре возилото пред пешачкиот премин.

На делот од патот по кој се движат деца или се поставени сообраќајни знаци за учество на деца во сообраќајот, возачот е должен да вози со особена претпазливост и со таква брзина што ќе овозможи да го запре возилото во случај на потреба.

Прекршочен платен налог со глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возач кој постапува спротивно.

Намалена брзина покрај возило на јавен превоз

Возачот на возилото што се движи покрај возило на јавен превоз на патници или покрај автобус со кој се врши превоз за сопствени потреби, запрен на стојалиште, е должен да се движи со намалена брзина, на начин да не ги загрозува лицата кои влегуваат односно излегуваат од тоа возило. Прекршочен платен налог со глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возачот.

Возачот биде внимателен при дејствија со возило во сообраќајот

Возачот кој има намера да изврши на патот некое дејствие со возилото (поместување на возилото надесно или налево, промена на сообраќајната лента, престигнување, обиколување, запирање, свртување надесно или налево, полукружно свртување, возење наназад и слично), смее да го започне таквото дејствие само ако претходно се уверил дека тоа може да го направи без опасност по другите учесници во сообраќајот или по имотот, водејќи притоа сметка за положбата на возилото и за правецот и брзината на движењето на возилото.

Мандатен платен налог со глоба во износ од 30 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот доколку постапува спротивно на овие одредби.

Да се вози со 50 km/h брзина во населено место

На јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од 50 km/h, односно со брзина поголема од брзината дозволена со поставениот сообраќаен знак за целото населено место или за определен негов дел.

Мандатен платен налог со глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 50 km/h над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од шест до 12 месеци, под услови и начин утврдени со закон.

Мандатен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 50 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 km/h, над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од три до 12 месеци, под услови и начин утврдени со закон.

Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 10 до 30 km/h над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите.

Мандатен платен налог со глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на предвиденото.

Не смее да се вози повеќе од 130 km/h на автопат

На јавен пат надвор од населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од:

– 130 km/h на автопат;

– 110 km/h на пат резервиран за сообраќај на моторни возила и

– 90 km/h на други патишта.

На патот надвор од населено место возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од брзината определена со сообраќајниот знак поставен на патот.

Мандатен платен налог со глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 70 km/h над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од шест до 12 месеци, под услови и начин утврдени со закон.

Мандатен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 50 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 50 до 70 km/h над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите.

Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од три до 12 месеци, под услови и начин утврдени со закон.

Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 km/h над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите.

Мандатен платен налог со глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите и на возач кој надвор од населено место се движи со брзина поголема до 30 km/h над дозволената брзина.

 Свртување

Возачот на возило што свртува надесно, е должен свртувањето да го изврши движејќи се по крајната сообраќајна лента што се протега покрај десниот раб на коловозот, освен ако со сообраќаен знак на патот поинаку не е определено.

Возачот на возило што свртува надесно, е должен да го пропушти возилото кое се движи од неговата десна страна по сообраќајната лента наменета за возила кои вршат јавен превоз на патници.

Возачот на возилото што свртува налево е должен свртувањето да го изврши движејќи се по крајната лева сообраќајна лента што се протега покрај средишната линија и покрај замислениот или обележаниот лак што ги соединува двете средишни линии на страничните коловози, односно по сообраќајната лента што се протега покрај левиот раб на патот со еднонасочен сообраќај, освен ако со сообраќаен знак на патот не е поинаку определено.

Мандатен платен налог со глоба во износ од 30 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите.

Полукружно свртување

Возачот на возило не смее да врши полукружно свртување на преслап, кривина, патен премин преку железничка пруга во ниво, на мост, надвозник, подвозник, како и во услови на намалена видливост, на други места каде прегледноста на патот е недоволна или на дел од пат каде нема доволно простор за полукружно свртување.

Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно.

 Првенство на минување

На крстосница на патишта од иста важност или во пресрет со друго возило, возачот е должен да го пропушти возилото што наидува од неговата десна страна.

Возачот на возило кој на крстосница свртува налево, е должен да го пропушти возилото кое доаѓајќи од спротивната насока, на крстосницата го задржува правецот на своето движење или свртува надесно, освен ако со поставенот сообраќаен знак поинаку не е определено.

Возачот кој со возило влегува на пат што со сообраќаен знак е означен како пат со првенство на минување, е должен да ги пропушти сите возила што се движат по тој пат.

Возачот е должен да ги пропушти сите возила што се движат по патот на кој влегува тој и кога не е означен со сообраќаен знак како пат со првенство на минување, ако со возилото влегува од земјен пат на патот со коловозна постилка или ако на пат влегува од површина која не е наменета за динамичен сообраќај.

Возачот кој при свртувањето на возилото пресекува велосипедска патека или лента, е должен да ги пропушти велосипедите, мопедите, лесните трицикли, трициклите и лесните четирицикли што се движат по велосипедската патека или лента.

Прекршочен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност, ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно.

 „Поминување на црвено“

На крстосница и на друго место на кое сообраќајот е посебно регулиран со уреди за давање светлосни сообраќајни знаци, светлосните сообраќајни знаци за учесниците во сообраќајот ги имаат следниве значења:

– црвено светло – забрана на минување,

– зелено светло – слободно минување и

– жолто светло – забрана на минување, освен за возилата кои во моментот кога ќе се појави жолто светло се наоѓаат на таква оддалеченост од светлосниот знак што не можат на безбеден начин да се запрат, а да не го поминат тој знак, а за другите учесници – забрана на минување, освен за оние пешаци кои веќе почнале да го преминуваат коловозот.

Прекршочен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност, ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно на предвиденото.

Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност, согласно со одредбите на овој закон, ќе му се издаде на пешак кој постапува спротивно на предвиденото.

Разминување

При разминување возачот е должен од својата лева страна да остави доволно растојание меѓу своето возило и возилото со кое се разминува, а по потреба своето возило да го помести кон десниот раб на коловозот.

Ако возачот, заради некоја пречка на патот или заради другите учесници во сообраќајот, не може да постапи согласно со одредбата е должен да го забави движењето на своето возило и по потреба да го запре за да го пропушти возилото од спротивната насока.

Кога на крстосницата возилата доаѓаат од спротивни насоки и свртуваат налево, возачот се разминува со возилото од спротивната насока на тој начин што го пропушта од својата десна страна.

Ако заради недоволна ширина на патот или заради друга пречка на патот разминувањето е оневозможено, возачот на кого со оглед на својствата на патот и околностите на сообраќајот, му е полесно да го изведе тоа, должен е прв да запре и по потреба со движење наназад или на друг начин да го помести своето возило и да заземе таква положба на патот која овозможува разминување.

Мандатен платен налог со глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите.

 Престигнување и обиколување

Престигнување и обиколување возачот смее да врши само ако тоа не го попречува нормалното движење на возилата што доаѓаат од спротивната насока и ако на патот има доволно простор за безбедно изведување на тие дејствија.

Возачот не смее да врши престигнување и обиколување, кога со тоа, со оглед на карактеристиките во сообраќајот и на постојните околности на патот и во сообраќајот или со оглед на техничките својства на возилото со кое управува, ги загрозува другите учесници во сообраќајот.

Прекршочен платен налог со глоба во износ од 250 евра во денарска противредност ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно на предвиденото.

Звучен сигнал за предупредување

Возачот е должен да употреби звучен знак за предупредување кога тоа го бараат причините на безбедност на сообраќајот, во спротивно мандатен платен налог со глоба во износ од 15 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 10 негативни.

 Запирање и паркирање

Возачот односно сопственикот на возилото не смее да го запре или паркира возилото на место на кое тоа би ја загрозувало безбедноста на другите учесници во сообраќајот или би претставувало пречка за нормално одвивање на сообраќајот или за движењето на пешаците и велосипедистите, во противно мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода, а на местата кои се посебно специфирани во законот ќе му се издаде мандатен платен налог од 250, 200, 45 или 25 евра.

Не смеат да се отвораат врати кои го попречуваат сообраќајот

На запрено или паркирано возило не смеат да се отворат вратите, ако со тоа се попречува движењето на другите учесници во сообраќајот или се загрозува безбедноста на сообраќајот.

Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност, согласно одредбите на овој закон, ќе му се издаде на лицето кое постапува спротивно од предвиденото.

 Употреба на светла во сообраќајот

Во сообраќај на пат, дење и ноќе, за време на управување со возилото, возачот на возилото задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот.

Обврската од ставот на овој член, не се однесува за возачите на запрежни возила и велосипедистите кога запрежното возило односно велосипедот го управуваат дење, освен во услови на намалена видливост.

На велосипедот задолжително треба да има светло во бела боја на предната страна, како и катадиоптeр со црвена боја или рефлектирачка лента на задната страна и по еден катадиоптер со жолта или портокалова боја на секоја страна.

Кога возилото на моторен погон, влече едно или две приклучни возила, најмалку две црвени светла задолжитлено треба да бидат запалени на задната страна на последното приклучно возило, а ако ширината на приклучното возило изнесува повеќе од 1,6 m – на предната страна на првото приклучно возило задолжително треба да бидат запалени две бели светла.

Мандатен платен налог со глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите.  Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на велосипедист кој постапува спротивно на предвиденото.

Растојание помеѓу возилата

Возачот е должен да го управува возилото на оддалеченост од другите возила што учествуваат во сообраќајот, која одговара на брзината на движењето на возилото и другите околности на сообраќајот, при што со таа оддалеченост од другите возила не предизвикува опасност и не ги попречува другите возачи.

Мандатен платен налог со глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 20 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на предвиденото.

Лица кои се превезуваат

Со моторно возило можат во сообраќај на пат да се превезуваат лица во оној број кој е означен во сообраќајната дозвола, односно во потврдата за регистрација, доколку со овој закон не е поинаку определено.

Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот дококу постапува спротивно на овие одредби.

Во патнички автомобил, на предното седиште не смее да се превезува дете помало од 12 години, ниту лице кое очигледно е под дејство на алкохол, дрога или други психотропни супстанции.

Во патнички автомобил на задното седиште, смее да се превезува дете помало од пет години, во поставено посебно детско седиште кое за седиштето од возилото е прицврстено со сигурносен појас или на друг соодветен начин.

Во патнички автомобил на предното седиште, смее да се превезува дете до две години, ако возилото нема заштитно воздушно перниче, ако воздушното заштитно перниче е исклучено и ако детето се превезува во посебно детско седиште поставено спротивно од правецот на движење, при што истото е прицврстено на седиштето на возилото со помош на сигурносен појас со три точки на поврзување.

Детето од ставовите треба да биде врзано со сигурносен појас од седиштето.

Мандатен платен налог со глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода согласно со одредбите на овој закон на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите  и на овој член.

извор: Академик

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1