Војин Ражнатовиќ, син на убиениот Жељко Ражнатовиќ – Аркан, доживеал сообраќајна несреќа во која е тешко повреден.
Како што објавија српските медиуми, несреќата се случила во Америка,
Како што дознава српскиот Ало, Војин кој инаку живее во Америка, со автомобил марка Хјундаи удрил во бандера покрај океанот, и за влакно и побегнал на смртта.
Во несреќата синот на Аркан се здобил со повреда на левото рамо, градниот кош и десниот зглоб.
Според дел од медиумите, Ражњатовиќ бил сам во автомобилот. Не се наведува дали бил под дејство на алкохол. Повредениот се огласил на социјалните мрежи.
„Убаво е што се вратив во виртуелниот свет. Вистина е дека имав сообраќајка, автомобилот е целосно уништен. Но добро сум и полека закрепнувам од повредите“, напишал тој.