Синот на Јанукович загина во мистериозна несреќа- се удавил под заледено езеро (Видео)


Помалиот син на поранешниот претседател на Украина, Виктор Јанукович, загинал во Русија, јавија украинските медиуми. Според извори, цитирани од „LB.ua“, Јанукович Јуниор, учествувал во спортски натпревар на Бајкалското Езеро, кога минибусот во кој се наоѓал тој заедно со уште пет лица, пропаднал под мразот. Синот на поранешниот претседател се удавил, а останатите патници се спасиле.

Украински пратеници потврдија дека Виктор Јанукович Јуниор загинал.1abdc8c4-a827-436a-be03-38316727091c-viktor-janukovic-sin-poginuo-foto-rojters-pt-fb-1427034033-628134-620x360

– За жал, тоа е вистина, изјави за БиБиСи пратеникот од опозицискиот блок Нестор Шуфрич. Повикувајќи се на сопствени извори, украинскиот пратеник Антон Герашченко исто така, ја потврди смртта на Јанукович.

– Сакајќи да помине по површината на замрзнатото езеро и така да си го крене адреналинот, управувајќи со комбе Фолксваген, Виктор Јуниор наишол на невидлива под снегот граница, меѓу стариот и новиот мраз. Автомобилот почнал да тоне под мразот, вртејќи се на страната на возачот.

Петмината патници, кои биле заедно со Виктор Јуниор, успеале да излезат од автомобилот. Четворица од нив дури не ги ни намокриле нозете. Петиот го извадиле од дупката во мразот.janukovic sin

На сајтот на руското Министерство за вонредни ситуации, се појави информација за смртта на човек во Бајкалското Езеро, кога Фолксваген  паднат под мразот. Од Министерството сепак не потврдуваат дека загинатиот е Виктор Јанукович Јуниор.

РИА Новости соопшти дека во Бајкалското се удавил Виктор Алексеевич Давидов, роден во 1981 година во Москва.

Познато е, пишува БиБиСи дека бабата на Виктор Јанукович Јуниор по мајчина линија го носела презимето Давидова. Синот на поранешниот украински претседател, исто така е роден во 1981 година

Украинската служба на БиБиСи не располага со потврда дека е можно Јанукович Јуниор да живеел во Русија под името Виктор Давидов. Повикувајќи се на извори од тајни служби, сепак, РИА Новости соопшти дека е можно синот на Јанукович да си го сменил презимето во Русија, плашејќи се од следење.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1