Синот на Лепа Брена собра 100.000 евра за 18-тиот роденден


Прославата на полнолетството на најмладиот син на фолк-ѕвездата Лепа Брена, Виктор Живоиновиќ синоќа бил главен настан во Белград, а српски „Ало“ открива дека на забавата присуствувале најголемите ѕвезди од српската естрада.lepa brena

На прославата имало 450 гости кои биле служени со посебно шампањско на кое пишувало „Среќен роденден Викторе“, а Виктор од колегите и пријателите на својата мајка собрал дури 100.000 евра, пренесуваат српските медиуми..

Славеникот пристигнал на забавата во придружба на својот татко Бобан и постариот брат Стефан Живоиновиќ

– Сите велат дека сигурно ќе добијам околу 100.000 евра. Секако дека ќе ги дадам во хуманитарни цели, веројатно на децата без родители . Другиот дел ќе го потрошам на патување со другарите во Италија или Шпанија – навел Виктор за српските медиуми.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1