Синот на лидерот на Хамас се откажа од исламот – Вели Исус е спасот, исламот ќе исчезне (Видео)


jusef-mosab

Јусеф Мосаб Хасан, поранешен лидер на Исламската младина на Палестина и син на шеикот Хасан Јусеф, еден од основачите  на Хамас, радикална исламистичка терористичка организација, премина во христијанството! И не само што се преобрати, туку и даде интервју во кое остро проговори против исламот, осудувајќи го дека е насилна религија!

„Проблемот е во самиот исламски бог. Тоа е шокантно. Тој е бог на мачењето и обманите, тоа е она што тој го говори за себе“, изјави Хасан.

На констатацијата на новинарите дека со таквата изјава многу ќе ги налути милионите муслимани ширум светот, одговори дека не сака да ги навреди муслиманите, бидејќи тие се и негово семејство.

Некои ќе се навредат, но сигурен сум дека некои ќе се разбудат, рече тој. А на предупредувањето на новинарот дека „некои ќе се обидат да го убијат“, тој одговори:

„Да. Ќе го убијат моето тело, но што е со мојата душа и моите идеи, моите верувања кои ги делам со сите? Дали е можно тоа да го убијат? Не верувам“.

Тој рекол дека секој муслиман кој верува дека она што го пишува во Куранот дошло од Бога е „болен и му треба помош“.

Верувам дека исламот веќе пропаѓа. Однадвор изгледа како да расте, но одвнатре пропаѓа. Тој не им помага на луѓето. За десет години нема да го има, заклучи Мосаб Хасан.

Тој проговори и за Хамас, велејќи дека во таа организација секој се сомнева во секого.

Хамас почнува да се сомнева во се. Во самите себеси, во своите жени, во своите деца, во сите. Тие ги мачат и убиваат сопствените луѓе. Им бодат игли под ноктите – вели, обвинувајќи го лидерот на Хамас како најодговорен за мачењето на сопствените луѓе.

Тој тврди дека исламот најмногу од сите религии си противречи самиот себеси, а дека религиозните и другите лидери користат одредени делови од Куранот, како им одговара во одреден политички момент.

Го засакав Исус бидејќи тој рекол: „Љубете ги вашите непријатели“. Тоа е нешто што ме допре и ми го промени животот засекогаш. Тоа ми беше како лек. Куранот беше како дрога, вели Мосаб Хасан.

Кога ја објави книгата „Син на Хамас“, неговиот татко, шеикот Јусеф Хасан јавно се откажа од него.

Ќе ве замолам да се молите за моето семејство. Јас ги знам нивните срца, тие се добри луѓе.

Но, за жал, нивниот бог не поседува ни минимум хуманост, тој сака да бидат ѕверови. Нашиот проблем е во нивниот бог, во нивната идеологија. Треба да се направи разлика помеѓу муслиманите и исламот. Муслиманите се прекрасни луѓе. Проблемот е во исламскиот бог. Ова го говорам како авторитет кој точно знае што е исламот. Моето мислење е дека тоа е најголемата лага во историјата, рекол Мосаб Хасан.

Тој наведува дека најголем проблем е што четвртина од популацијата смета дека тоа е религија од Бога.

Проблем не се муслиманите. Тие се големи и прекрасни луѓе. Тие се мој народ и ја разбирам нивната тага, го познавам нивното страдање и нивните срца. Кога ќе отидете било каде на Блискиот Исток, кај муслимани, ќе ја видите нивната страст, нивната гостопримливост и ќе бидете збунети. Тие се подобри од голем број христијани.

Но, не ги споредуваме луѓето, туку идеологиите. Отворете го Куранот, сура 9, стих 5 и ќе видите што богот на Куранот бара од сите нас да направиме кон секој. Не се муслиманите виновни што се родени во таква култура, но тие треба да го признаат фактот – рекол Мосаб Хасан и додал:

„Изгледам како предавник затоа што му го давам на мојот народ она што му е потребно, а не она што го сака“.

Denesen/kurir.rs

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1