Синот на Михаел Шумахер доживеа несреќа при тест возење на Формула 4


При тест возење на Формула 4, петнаесетгодишниот син на Михаел Шумахер доживеа несреќа.

Мик Шумахер зaгубил контрола врз автомобилот кој го возел со брзина од 160 километри на час во источна Германија.

Младиот Мик за кој се смета дека го наследил талентот на својот татко, возел по патеката во Брандербург со брзина од 100 милји на час кога изгубил контрола врз возилото и излетал од патеката. Според германскиот весник „Die Welt“ момчето сепак излегло од несреќата неповредено.mik sumaher

Неговиот татко Михаел Шумахер, познатиот шампион во Формула 1, се опоравува од несреќата при скијање која се случи во декември 2013 во Швајцарија. Тој беше во индуцирана кома во болница подолго време, а болницата ја напушти во септември минатата година.

Според Филип Страјф, поранешен возач на Формула 1, кој се претставил како семеен пријател, Шумахер почнал да ги препознава најблиските, но се уште се бори да ја врати способноста за говор.

Но менаџерот на Шумахер ги отфрли овие информации и изјави дека пред Шумахер претстои долга борба.

– Ни треба долго време. Има напредок кој е соодветен на тежината на повредите – изјави Сабине Кем.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1