Синот на Младиќ: „Ја тешеше мајка ми, ќе се бори додека е жив“


Синот на Ратко Младиќ по донесената одлука за доживотен затвор на неговиот татко пред Хашкиот трибунал изјавил дека пресудата за него не била лесна за слушање.

Тој за српските медиуми изјавил дека пресудата била очекувана, бидејќи тужбата и пресудата биле одамна напишани. Како што додал, по донесувањето на пресдута, тој и неговата мајка го посетиле Ратко Младиќ кој имал висок притисок, но сепак бил силен пред неговата сопруга и ја тешел.

-Отидовме да го видиме, бидејќи имаше висок притисок. Тој ја тешеше мајка ми и рече да не се грижи. Рече дека ќе се бори додека е жив. Овде станува збор за пресуда на еден народ – додал Дарко Младиќ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1