Српската пејачка Снежана Ѓуришиќ се откажа од својот син, Марко Гвозденовиќ кој еден месец живее кај другарка, а повремено преспива и во парк, бидејќи пејачката не сака да го прими дома.
Нивните семејни проблеми почнале кога тој предизвикал сообраќајка во која загина девојка, поради што тој завршил во затвор. После тоа Марко се одал на алкохол, се развел, по што почнале караници и тешки зборови кои ги упатувал на мајка му.
– Не сме во добри односи, едноставно правевме многу грешки и затоа не сака да зборува со мене. Јас сум многу сличен на неа, многу работи и кажав во лице и тоа изгледа не и одговараше. Секогаш постојат причини за караници, а во игра влегоа и некои недвижнини. Јас во тоа време пиев и се согласив на таканаречено лечење-рекол синот на Снежана и додал дека ситуацијата кулминирала во 2013 година, кога починал неговиот татко.
– Тогаш уследи нетрпеливост поради работите кои не можев да ги завршам. Страшно се каравме. Таа се правдаше дека е нервозна, а јас немав кочници. Сега ми е криво поради тоа, знаев да ја навредувам-додал Марко.