Синот на познатата фолк пејачка осуден на две години затвор


Синот на пејачката Ханка Палдум, Мирзад Бркиќ, е осуден на две години затвор поради предизвикување на сообраќајна несреќа во која се повредени три жени.1potera

На Бркиќ му е продолжен притворот, но поради состојбата во која се наоѓа, ќе биде префрлен во Клиника за психијатрија во Сараево.

Мирзад Бркиќ е обвинет поради тоа што минатата година предизвикал сообраќајна несреќа во сараевската населба Грбавица, во која тројца пешаци се здобиле со тесни телесни повреди. Тогаш било откриено дека возел под дејство на наркотици.

Мирзад Бркиќ едно време се криеше надвор од Босна и Херцеговина, но кон крајот на минатата година беше уапсен на преминот Каракај додека се враќал од Србија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1