Позната причината за смртта на родилката од Прилеп


Родилката од Прилеп починала од искрвавување. Ова се првичните неофицијални наоди од обдукцијата направена на телото на младата жена која пред околу една недела почина во болницата во Прилеп, откако неколку часа претходно нормално се породила, но потоа добила болки и крвавење, но покрај преземените мерки лекарите не успеале да ја спасат, пренесува „Утрински весник“bolnica prilep intezivno mk

На Институтот за судска медицина во Скопје, каде што се работи обдукцијата во тек се уште неколку дополнителни испитувања за да се заврши целосната анализа и да се утврди конечната причина за смртта на 21-годишната родилка. Се очекува обдукциски извештај да биде целосно завршен до крајот на неделава.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1