Според пишувањата на хрватските медиуми, полицијата привела еден од мажите кои изминативе неколку дена го следат синот на Северина.
Полицијата на испрашување однесе еден од двајцата мажи кои веќе неколку дена се врткаат околу станот на Северина, а кој воедно го нападна и нејзиниот менаџер Томислав Петровиќ, кога тој се обиде да го фотографира за идентификација.
– Мажот чиј идентитет не сакаме да го откриеме го испрашуваа полициски службеници, а потоа го пуштија на слобода, открива извор за хрватскиот “Jutarnji list”.
Неговиот соучесник сеуште не е откриен, а приведениот тврдел дека случајно се нашол на местото затоа што често шета на таа улица. Испитаникот воедно е поранешен полициски службеник.