Најстариот син на легендарниот пејач Синан Сакиќ, Рашид Сакиќ, е во затвор од лани за учество во убиство, а токму поради него на секој настап Синан започнуваше со песната „Сине мој” и лееше солзи.
Рашид е пуштен од затвор за погребот на татка си, а извор вели дека ова му е најтежок момент во животот и се радува само што се смирил со Синан пред неговата смрт.
– Го пуштија од затвор, многу му е тешко, се чувствува виновен бидејќи му зададе голема болка и многу солзи на татка си. Синан сметаше дека треба да си ја одлежи грешката иако душата му се кинеше, вели извор.
Тие по неколку години се сретнале и Синан му простил, а средбата била емотивна. Сега рашид повторувал дека тој е виновен за смртта на татка си.