Константин и Елена, тежок и голем ден: Овој извор денеска е најлековит во Македонија


Православните христијани денеска, 3 јуни, го празнуваат Светиот цар Константин и неговата мајка Елена.

Царот Константин Велики и неговата мајка царицата Елена за нивните заслуги во признавањето и ширењето на христијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијанството тој е првиот влател на големата Римска империја што ја признал оваа вера.

Марко Цепенков забележал дека во Прилеп св. Константин и Елена биле покровители на базриѓанскиот (трговскиот) еснаф. Нивниот празник кој го викале „Свети цареи“ го празнувале на 21 мај (стар стил).

Под манастирот Свети Наум Охридски – Чудотворец, до самото езеро, има извор со лековита вода. Според верувањето оваа вода секогаш е лековита, но најмногу на празникот Св. Константин и Елена.

Според едно предание Свети Наум му рекол на таткото на една ќелава девојка да појди на денот свети Константин и Елена под карпата каде што течела вода и да ја измие девојката. Така направил и таа веднаш оздравела, и пораснала убава и густа коса.

„Оттогаш на празникот на свети Елена и Константин редовно идат луѓе да се мијат со водата од изворчето под карпите на манастирот Свети Наум. Таа вода е лекојта и друг пат, ама на празникот најмногу”, заклучува народниот раскажувач.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1