Не можам да ги мрдам рацете, многу ме боли главата – рече претепаното момче за српски Курир.
Тој раскажа дека бил со другар на Дедиње и тргнале накај град.
-Кога првпат поминавме покрај куќата на Цеца, го слушнавме синот Вељко како вика: Пи.ки, што е пи.кици!. Тогаш само поминавме и кога се вративме на станицата, која е пред нивната куќа, Вељко викаше гледајќи во мене “Што гледаш, пи.кице, ци.ко една“. Потоа дојде на станица и ми удри два шамари. Тргнав да се вратам и потоа дојдоа уште неколку други, веројатно од обезбедувањето и почнаа да ме шутираат викајќи: Знаеш ли ти кого тепаш!, и потоа му турнаа на еден фрижидер и со стап ме тепаа, најмногу по глава. Ме тепаа и ме оставија да лежам на плочникот бидејќи не можев да се мрднам – вели момчето.
Според неговите зборови во тепачката е повреден и еден негов другар, но не знае што се случило со него, а двајца од неговите другари побарале помош во блиското кафуле од каде била повикана и брза помош поради лошата состојба на едното момче.
Новинарите го пронашле тој локал и келнерката им ја потврдила приказната.
Таткото на повредениот Михајло изјави дека не може да поверува што му се случило на синот.
-Во шок сум, спиев кога ми јавија дека детето ми е во Ургентен центар. Ќе поднесам кривична пријава против тие што ми го тепаа синот. Децата одеа по другарот за да излезат во град. Како што ми кажа синот, Вељко му удирал шамари и тогаш е нормално некој да се брани. Се надевам само дека нема тешки повреди, рече таткото,
Медиумите ја побараа и Цеца за коментар за насилното однесување на нејзиниот син и обезбедувањето но таа не се јавила.
Денеска од 11 часот во полицијата во Белград е повикан синот на Цеца Вељко за да даде изјава за инцидентот. Според медиумите бил испрашуван повеќе од 2 часа. По што полицијата излезе со информација дека против Вељко ќе биде поднесена кривична пријава.
Адвокатот на синот на Цеца тврди дека тој не го удирал момчето, имало само вербална препирка бидејќи се обидувал да ја заштити девојката.