Синови на познати политичари повредени во масовна тепачка во Будва


Во масовна тепачка на паркинг пред зграда во центарот на Будва повредени се Подгоричаните Лука Џуришиќ и Амар Нухоџиќ.

budvaТепачката се случила на 3 јануари три часа по полноќ, кога 20 малолетни момчиња од Подгорица, во видно алкохолизирана состојба, им се нафрлиле на момчињата кои се враќале од забава.

Лука Џуришиќ е син на министерот за одбрана Милица Пејановиќ Џуришиќ, а Амар Нухоџиќ е син на пратеникот на Демократската партија и претседател на Одборот за безбедност и одбрана Мевлудин Нухоџиќ.

Синовите на политичарите по тепачката се здобиле со полесни повреди, а случајот е пријавен во полиција.

Kurir

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1