Сириец после 36 часа од гранатирањето се разбудил под урнатините и се упатил дома – дошол на својот погреб


Човекот, за кој се мислело дека загинал во нападот на пазарот во сирискиот град Дума, недалеку од Дамаск, се разбудил под урнатините и се вратил дома, каде што го затекнал својот погреб. Мохамед Рајхан во неделата се наоѓал на пазарот кога владините сили го бомбардирале.

Во нападот со воздушно бомбардирање, животот го загубиле вкупно 117 луѓе, вклучувајќи 16 деца и седум жени.sirija34

Семејството на Рајхан се помирило со најлошото откако Мохамед не се вратил дома од пазарот. Но, во вторникот наутро, околу 36 часа после бомбардирањето, Рајхан се разбудил, успеал да се извлече од урнатините и се упатил дома. Прашината се` уште ги прекривала неговата коса и брада.

Како што наведуваат активисти од „Middle East Eye“, Рајхан стигнал дома токму во времето кога таму се одржувал неговиот погреб. Неговата приказна и фотографии од погребот ја објави мрежата на опозициски активисти на Фејсбук.

И додека оваа приказна звучи прилично неверојатна, Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон тврди дека ова не е првиот ваков случај во Сирија.

„Многу луѓе исчезнуваат, се губат под урнатините, па подоцна се појавуваат“, рекол за „The Independent” Рами Абдурахман, директор на Опсерваторијата. „Тоа често се случува со децата. Сум слушнал за случаи на тригодишни деца кои ги пронашле затрупани во урнатини, и тоа откако родителите веќе ја оплакале нивната смрт“, вели Абдурахман.

Лидерите на опозицијата жестоко го критикуваа бомбардирањето во Дума каде што сириската војска над тамошниот пазар фрлила најмалку шест проектили. Режимот тврди дека бомбардирањето е одговор на минофрлачкиот напад во центарот на Дамаск минатата недела, во кој животот го загубија шест лица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1