Сирија ги насочи ракетите кон Израел, над 300 загинати во израелските напади


Околу 300 припадници на армијата на Сирија загинале во израелскиот воздушен напад во Џамрија предградието на престолнината Дамаск објави во неделата навечер порталот Дамаск пост повикувајќи се на официјални лица. Во меѓувреме либанската телевизија Аl-Mayadin повикувајќи се на високи воени извори јави дека сириската армија добила наредба да ги насочи своите ракетни системи кон Израел

sirija raketaДржавните медиуми, телевизијата и новинската агенција SANA, коишто ги објавуваат официјалните ставови на владата на претседателот Башар ал-Асад засега не објавуваат никакви информации за евентуалните штети или загуби, иако станува збор за воени објекти кои во секој случај имало воен персонал. Само ги пренесуваат изјавите на западните челници, меѓу кои и на американскиот претседател Барак Обама коишто ги оправдуваат израелските напади, наводно за уништување на ирански ракети коишто требало да му бидат доставени на шиитското либанско движење Хамас со кое Израел водеше 34-дневна војна во 2006 година. Коментираат и дека тоа покажува дека Израел и западот со овие акции всушност ги помагаат сириските бунтовници кои трпат загуби по двегодишната граѓанска војна со која се обидуваат да го соборат претседателот Асад.

Според порталот израелското воено воздухопловство ракетирала четири локации околу Дамаски, и тоа во Кадиши, Џамрија, Ел Хам и Сибур, а биле погодени и касарни во кои биле сместени стационирани две бригади од сириската претседателска гарда. Покрај тоа, наводно биле ракетирани и магацини со оружје и воено истражувачкиот центар во Џамрија кого сириските власти го нарекуваат техничко-истражувачки комплекс.

Израелската влада во неделата доцна попладнето одржа итна седница по која објави дека израелските напади од саботата и неделата претставуваат објавување војна и ги помагаат терористите кои се борат против регуларните безбедносни сили. Во соопштението по седницата, владата во Дамаск објави дека е разгледуван одговорот на израелските воздушни напади и дека „израелската агресија ги отвора вратите за сите можни
одговори од страна на Сирија”.

Покрај наредбата за насочување на ракетните системи кон Израел, неименуваниот соговорник на либанската телевизија рекол и дека Сирија е подготвена да обезбеди за „силите на отпорот”, како што се нарекува либанското шиитско движење Хезболах, такви видови оружје какви што никогаш претходно не му биле дадена на располагање. Дамаск инаку со децении е покровител на Хезболах.

Makfax

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1