Сириската војска и руските авиони напредуваат, IS очајно се обидува да донесе оружје


Сириската војска и сојузничките милиции со поддршка на руските воздушни удари го продолжуваат во понеделникот своето напредување во рамките на офанзивата против сунитските екстремни групации и бунтовниците, јавува опозициската Сириска опсерваторија со седиште (SOHR) со седиште во Лондон, а истовремено руското министерство за одбрана соопшти дека џихадистичката Исламска држава последните денови прави „очајнички напори“ да пренесе оружје и муниција на линијата на фронтот со сириската армија во покраината Рака, каде што е нејзиното упориште на самопрогласениот „калифат“.sirija

„Последните денови, терористите прават очајнички обиди да достават до линијата на судирите со сириските вооружени сили муниција, оружје, гориво и логистика од покраината Рака“, рече во понеделникот портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков.

Според него, пренесува агенцијата РИА, значителен дел од резервите оружје, муниција и горива на Исламската држава на фронтот е уништен во ударите на руската авијација кои влегоа во втората седмица.

Според SOHR, станува збор за најжестоките судри во последната седмица. Руските авиони извеле најмалку дваесет воздушни удари во покраината Хама, чии големи делови заземала сириската војска и борците на либанското шиитско движење Хезболах кое е сојузник на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Опсерваторијата го поткрепува тврдењето на Западот дека цел на овие удари се сунитските опозициски вооружени групи кои ги вооружува и ги смета за „умерени“, но официјална Москва тврди дека нејзините напади се точно насочени кон позициите на Исламската држава и оти во областите во коишто дејствува нејзината авијација нема групи на сириската вооружена опозиција.

Владините сили, локалните милиции и Хезболах во понеделникот го заземале јужниот дела од Кафр-Набуда, изјави за Reuters директорот на SOHR, Рахман Абдулрахман. „Во судирите и во воздушните напади убиени се и ранети повеќе десетици бунтовници. Станува збор за најжестоките судири во северниот дел на земјата, во покраината Хама од почетокот на заедничките операции на коалициските сили“, вели Абдулрахман без да прецизира за кои бунтовнички групации станува збор.

„Бомбардерите ‘Су-34’ нападнаа камп за обука на милитантите, кој се наоѓа во близина на градот Мастума, во покраината Идлиб. Според разузнавачките податоци, кампот го користела Исламската држава како место за групирање на борците кои доаѓаат од странство“, рече, исто така, портпаролот на руското министерство за одбрана.

Според Конашенков, „во истиот камп се спроведувала сеопфатна обука за специјални тактики и употреба на експлозивни средства под раководство на инструктори кои имаат искуство од други боишта“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1