Која храна нема рок на траење?


Шеќер – Не е важно каков е – бел, кафеав, во прав или во коцки, тој никогаш нема да се расипе, затоа што во него бактериите не можат да опстојуваат. Мора да биде на суво место и во затворен сад.

Екстракт од ванила – Ако го имате некаде во кујната и подолго време ви стои на едното исто место, нема потреба да го фрлате. Тој едноставно трае вечно.eko-rok-trajanja

Ориз – Само кафеавиот ориз има рок на траење, затоа што содржи поголема количина масло. Белиот ориз не се расипува.

Мед – Теглата мед трае додека не ја испразните. По одредено време може да се кристализира или да ја промени бојата, но медот и по неколку години е здрав за консумирање. Само потребно е да го чувате на студено место.

Жестоки пијалаци – Ракија, џин, вотка, текила, рум… Дури и кога ќе ги отворите нема шанса да се расипат. Бојата, вкусот и аромата може да ослабат, но и потоа се пијат без проблем.

Сол – Нема рок на траење, само е неопходно да се чува на суво и студено место.

Оцет – Во добро затворена флаша, оцетот никогаш нема да се расипе или изветрее.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1