Познат скопски кафич казнет заради гласна музика


Инспекциските служби, по пријава од граѓаните, извршија редовен надзор и констатираа дека максималното дозволено ниво на бучава по 23:00 часот од 45 децибели го надминува „Интермецо Кафе“, соопшти Општина Центар.zvucnik glasno

При последната контрола се посетени и други локали, но по мерењата на оластена компанија не е констатирано надминување на 45-те дозволени децибели, велат од таму.

„Надлежните од општината ќе издадат платен налог од 500 евра за правното лице и 150 евра за одговорното лице. Доколку казната не се плати, ќе се поднесе прекршочна пријава“, се наведува од соопштението.

Општина Центар ги повикува граѓаните да пријават бучава од кафе-баровите и кафеаните кои се наоѓаат на територијата на општината.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1