Сите чекаат поевтини сметки за струја – Но Влатко го скротува ветерот (Видео)


vlatko 1

Некој чека од државата да добие субвенции, другите, чекаат од Господ, некој чекаат подобри времиња, но Влатко Зејтиников не чекаше, се нафатил за работа и решил да си направи ветерница која што ќе произведува електрична енергија за неговото домаќинство.

Се работи за ветерница, чии крилја ќе имаат 5,6 метри диаметер. Изработени се од фиберглас цевка,каде што внатрешниот дел е покриен до гиберглас стакло.

vlatko3

Генераторот се состои од два ротора и статор. На роторот има 20 неодиум магнети 50/10 mm, додека статорот има 15 намотки излиени во смола.

Исто така поставен е сензор за температура за да се спречи прегревањето. Инсталираната моќност на ветерницата изнесува 4 kW.

Проектот е во завршна фаза. Треба да се постави столбот, па според очекувањата на Влатко, ветерницата своите први киловат часови ќе ги произведе за еден месец.

Но покрај ветерницата, Влатко направил уште многу работи – тој лично направил куќа од контејнери во која што живее веќе 3 години.!

Повеќе на – energetskaefikasnost.info

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1