Но бурниот емотивен живот на рок ѕвездата Мик Џегер остави сериозни последици на речиси сите неговите партнерки. Многумина од нив се обиделе да си го одземат животот по љубовна врска со него. Две успеал лично да ги спаси од смртта, но не успеа и последната љубов.
Неговата последна љубов, Л’Врен ја запозна во 2001 година. Не изгледаше дека се како родени еден за друг – освен што таа беше помлада 23 години, и со своите 190 см беше за глава и половина повисока од славниот музичар, се случи љубов на прв поглед. Тој неа ја освои со памет и талент (“Тој толку многу нешта знае и може”, восхитено изјави таа еднаш), а таа него со независноста, духот и убавината – особено го освои нејзиното тело, “најубавото кое кога и да е сум го видел”.
Веднаш заедно заминаа на одмор и оттогаш беа неразделни: Л’Врен го следеше Џегер на концертите и црвените теписи и поради него практично се пресели во Европа. Во Лондон купија куќа, а во Париз стан.
Сепак, Џегер секогаш ја преставувал како ,,ние сме некако во врска,, а не ни помислувал на брак или деца, а таа сонуваше и за тоа до крај да и* се исполни желбата како жена, да стане мајка, или барем сопруга. Животот го заврши трагично – бесејќи се во својот луксузен стан. Џегер изјави дека е скршен и не може да поверува дека ,,неговата љубов,, така трагично го завршила животот.
Неговата прва сериозна врска била во средината на шеесеттите години со 19-годишната студентка Криси Шримптон. Џегер на почетокот бил заљубен во неа и планирале венчавка.
Но, ја оставил за пејачката Мариен Фејтфул само неколку години подоцна.
Сама и напуштена, Криси се обидела да се убие со таблети за спиење во стан во Лондон во кој живеела со Џегер. Тој ја пронашол на време, но за да се избегне негативен публицитет, во болница била пријавена под лажно име. Била хоспитализирана во приватна клиника и всушност била затвореник, додека нејзините родители не дошле по неа.
Додека Криси се опоравувала во приватната клиника, Мариен станала музата на Џегер. Мариен се најде во средина на скандал во 1967 година кога заедно со својот драг, со која била излезена, била уапсена за поседување на наркотици.
Додека Џегер бил во Австралија во 1969 година Мариен испила 50 апчиња за спиење ставени во топло чоколадо.
Како и Криси, Џегер ја пронашол на време, но тоа било почетокот на Мариен на патот кон дното. Бидејќи го оставила Џегер, банкнотирала и станала зависник.
Онаа која успеала да го однесе Џегер пред олтар била Бјанка Перез, подоцна Бјанка Џегер. Како што самата изјавила, нејзиниот брак завршил оној ден која и почнал.
Џегер и таа се расправале неколку часа пред венчавката во Сен Тропе, затоа што таа одбила да го потпише предбрачниот договор.
Бракот траел една година, но двојката останала заедно поради ќерката Џејд.
Кога конечно се развеле, Бјанка излезе со милион долари кои едвај ги извадила од Џегер.
Единствената која навидум успеала да го „заузди“ Мик и да помине без сериозни последици била Џери Хол.
Освет тоа што била добро ситуирана, Џери ги игнорирала сите негови афери со помлади жени. Сепак, Џери толку сакала да се омажи што постојано на турнеите носела венчаница „да се најде“, доколку Џегер сака да се ожени со неа.
Тоа се случило бидејќи му родила две деца, 1990 година во Бали. Кога поднела документи за развод, тие двајца го имале веќе четвртото дете.