Сите ги сакаат нејзините пари- Киднапирана бабата милионерка


Иако наследничката на богатството кое изнесува скоро милион долари, Марија Златиќ (86) живее во сиромаштво, во колиба на рид, во шума меѓу Бољевац и Зајечар, приказната врзана за пари добива детали на криминалистички роман.

Марија Анџелковиќ, нејзината познаничка, тврди дека неа бабата ја ангажирала пред пет години да се распраша за наследството кое маж и и го оставил во Австралија откако починал во 2011 година. Кога конечно влегле во трага на адвокатската канцеларија која го воделе случајот и успеала на бабата Марија да и обезбеди наследство, се случило нешто неочекувано.baba6-1

-Се беше договорено, очекував парите да пристигнат на адресата на Марија. Меѓутоа неа неколку денови ја немаше, а и не одговараше на моите повици, па се загрижив. Тогаш ги повикав Свето и Виолета, кои имаа договор со Марија да се грижат за неа. Стево со потсмев ме праша:Што ќе тие бабата?Стигна таа кај нас, а пристигнаа и парите од Австралија.

-Се зачудив, бидејќи со бабата требаше официјално да ги подигнеме парите, но тој нашол некоја друга врска и тоа го завршил речиси преку ноќ. Утредената се појавија на мојата врата и јас сакав бабата да ја задржам кај себе, но тие речиси на сила ја одведоа- вели Анѓелковиќ, против која, како што вели, Свето поднел кривична пријава.

Свето С. од Бољевац тврди дека не ги зел сите пари за себе, туку дека ги чува, бидејќи има информација дека бабата не е единствен наследник на парите. Постои верзија дека Момчило има сестра која има син Сашо Златиќ и дека и тој се јавил како можен наследник. Според информациите Свето.С. на сите начини се обидува да ги скрие информациите за наследството, кое пристигнало пред два месеца, а себе неодамна се почестил со нов трактор, а ја реновирал и куќата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1