Новата песна на Тоше Проески ќе биде промовирана во недела во Спомен куќата во Крушево


Во недела на 24.01. во 12 часот во спомен куќата „Тодор Проески“ во Крушево ќе биде промовирана необјавената песна на Тоше Проески, информираат од неговиот Фан клуб, а информацијата е добиена од семејството Проески.tose 1

Песната е снимена во две верзии, латино верзија и балада. Спотот за песната ќе биде објавен на интернет во недела околу 20 часот.

Во чест на овој роденден ќе биде промовирана латино верзијата, а баладата е се уште на доработка во Лондон.

Песната го носи насловот „If you wanna leave me“.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1