Сите хотели кои имаат над 50 легла можат да се пријават за државни карантини – ќе добиваат до 10 евра по легло на ден


Јавен повик за изразување интерес за хотелите во државата кои имаат над 50 легла, за потребите на формирање државни карантини за справување со коронавирусот

Почитувани,

Јавен повик за изразување интерес за хотелите во државата кои имаат над 50 легла, за потребите на формирање државни карантини за справување со коронавирусот

Владата на Република Северна Македонија објавува јавен повик за изразување интерес за сите хотели во државата кои имаат повеќе од 50 легла и кои се заинтересирани доброволно да ги отстапат своите капацитети за формирање државни карантини за населението со цел справување со коронавирусот.

Максималниот надомест кој државата може да го обезбеди за капацитетите на хотелите изнесува до 10 евра (денарска противвредност) по легло, по ден.

Хотелите кои ќе ги стават своите капацитети на располагање треба да обезбедат три оброци дневно за секој граѓанин којшто ќе користи легло, како и одржување на хигиената во хотелот.

Сите заинтересирани хотели потребно е да се пријават најдоцна до 23 март, понеделник, до 14 часот, преку испраќање писмо за намери на следната емаил адреса: [email protected].

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1