Комерцијална банка АД Скопје по повод 31 октомври – Светскиот ден на штедењето, на сите деца кои ќе се родат на 31 октомври од 00:00 до 24:00 часот, ќе им отвори штедни книшки – Отворено детско штедење “Верверичка“ со износ од 5.000,00 денари и исто толку штедни касички.
Оваа акција на Комерцијална банка ќе се реализира во Скопје и во градовите низ Републиката во кои Банката има свои филијали и експозитури.
Средствата ќе бидат исплатени само на оние лица кои документите ќе ги достават на шалтерите на Банката во Скопје и низ Републиката најдоцна до 31.12.2014 година.