„Сите мети се уништени“-Франција го возврати ударот на ИСИС


Француските воздушни сили ноќеска  го бомбардираа сирискиот град Раки, упориште на Исламската држава.

-„Сите мети се уништени“, рече советник на францускиот министер за одбрана.slifh4favionur

Нападот кој вклучува 10 ловци се изведува истовремено од Обединетите Арапски Емирати и Јордан. Фрлени се дваесет бомби, пишува во соопштението пратено од министерството за одбрана.

Во операцијата која е изведена во координација со американските сили,погоден е команден штаб, складиште и камп за обука на борци.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1