Сите пророштва на Баба Ванѓа- што нѐ чека во иднина?


Жителите на селото Петрич каде што живеела и умрела славната јасновитка баба Ванѓа и денес веруваат дека некаде во близина на нејзината куќа е закопана статуа во природна големина од чисто злато. Многумина веруваат дека статуата го претставува римскиот император Константин.

На почетокот на 80-тите години од минатиот век, во животот на Ванѓа настапила целосно нова фаза: Таа започнала да ја гледа иднината. Блиската и далечната. Нејзините најблиски забележале дека на почетокот на 1981. година таа во еден момент кажала: „Внимавајте! Наскоро ќе дојдат нови, непознати болести за луѓето. Сите, па дури и оние кои никогаш не боледувале, ќе се разболат“. Набрзо потоа се појавиле сидата, птичјиот грип…baba-vanga-printskrin-1396272842-471497

Ванѓа кратко потоа на своите најблиски им порачала дека е „убедена дека човештвото на почетокот на 21. век ќе најде лек за рак“. Таа велела: „Ќе дојде ден кога ракот ќе биде заробен во железни синџири“. Објаснила дека лекот „ќе содржи многу железо“.

На почетокот на 1988. година Ванѓа порачала: „Сведоци сме на судбински случувања. Двајцата најголеми владетели на светот ќе се ракуваат. Ќе мине уште многу вода низ реките на Русија, а тоа нема да случи. Се додека не дојде „осмиот“ руски лидер, кој ќе воспостави конечен мир на планетата“. Ванѓа тоа го зборувала додека со Русија владеел Борис Јелцин и очигледно мислела на „следниот“, не наведувајќи го неговото име. Само рекла: „Тоа ќе биде неочекувана личност“. Сега знаеме дека тоа е Владимир Путин. Ванѓа уште во 1979 рекла дека „се се топи, како и мразот, но само едно останува недопрено – славата на Владимир, славата на Русија. Тој се елиминира од својот пат и не само што ќе опстане, туку ќе стане господар на Светот… А Русија повторно ќе стане империја!“

Баба Ванѓа тоа го изрекла во времето на СССР, кога зборот Русија ретко кој го изговарал. На кој Владимир таа мислела, останува загатка.  Толкувачите на нејзините пророштва „типуваат“ на тројца: средновековниот кнез на Русија Владимир Долгоруков, Владимир Илиќ Ленин и на Владимир Путин. А Путин е, тие пресметале, токму „осмиот“ Владимир во руската историја…baba-vanga-putin

Некаде, како што велат, во јануари 1989 година баба Ванѓа ненадејно кажала: „Страв. Страв. Браќата Американци ќе паднат, железни птици ќе ги исколват. Волци ќе завиваат од џбунови, невина крв ќе се пролие… А во септември 2001 година во воздушниот терористички напад се срушени кулите „близначки“ Светскиот трговски центар во Њујорк. Дали е потребно да се каже дека нападот се случил во времето кога американски претседател бил Џорџ Буш (bush – буш – на англиски јазик, а што значи џбун)?

Во почетокот на 1993 година Ванѓа рекла: „СССР ќе биде обновен во првата четвртина на 21 век. А речиси пред самата смрт, што било и нејзино последно претскажување порачала: – Доаѓа време на чудесии и откритија од областа на нематеријалното. Ќе бидеме сведоци на големи археолошки откритија кои од корен ќе ги променат сфаќањата за светот кој ние денес го познаваме. Сето скриено злато ќе исплива на површина, но, затоа пак, водата ќе отиде… Тоа нејзиното пророштво се уште не е протолкувано, како ниту неговото продоложение: „Нашите внуци за околу 200 години ќе успеат да воспостават контакт со браќа по разум од другите светови“.baba-vanga-printskrin-1396272931-471499

Баба Ванѓа, пред смртта, својата овоземјина мисија ја завршила со зборовите: „На земјата одамна живеат дојденци од други светови. Од каде тие доаѓаат? Од планетата која ја нарекуваат Вамфим. Таа е, како што рекла, трета од Земјата, не прецизирајќи ниту од каде, ниту од што, ниту во која насока…“

А, еве што, според нејзиното пророштво, не чека во иднина:

2014 – Повеќето човештво ќе страда од гнојни чирови, рак на кожа и други болести предизвикани од хемиско оружје;

2016 – Европа ќе биде речиси празна, безчовечка;

2018 – Нова сила, светска држава, ќе стане Кина. Земјите во развој се претвораат од експлоатирани во експлоататори; 2371 – Големата глад на земјата;

2043 – Светкото земјоделство цвета. Со Европа ќе владеат муслимани;

2046 – Ќе се „одгледуваат“ сите органи на човековото тело, а замената на болните ќе стане најдобра метода на лекување;

2088 – Се појавува нова болест – стареење за неколку секунди;

2097 – Брзото стареење е победено;

2378 – Нова раса на Земјата се размножува со неверојатна брзина;

2480 – судир на две вештачки сонца на Земјата;

3005 – Војна на Марс , се нарушуваат траектории на планетите на сончевиот систем;

3010 –  комета удри во Месечината. околу Земјата се создаде Појас прашина и камења;

3797 – На Земјата целосно исчезнува секое живо суштество , но човечката раса се движи за да продолжи живот во други ѕвездени системи ;

4509 – Човекот конечно го „запознава“ Господ. Луѓето досигнуваат таков степен на развој, да можат да комуницираат со Господ.

4599 – Луѓето стануваат бесмртни;

4674 – Цивилизацијата достигна својот врв. На Земјата и другите планети живеат 340 милиони луѓе. Започнува мешање луѓе со вонземјани;

5076 – Откриен работ на вселената. Никој не знае што е – зад;

5078 – Луѓето се одлучија да го преминат работ на вселената. Против се околу 40 отсто од населението;

Ванѓа застанува на 5000 година. Само кратко наговестила, без никакви дополнителни објаснувања и подробности, дека во 5079 година настанува – КРАЈ на светот! Што и да значело тоа!

Kurir.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1