Нумерологијата како концепт е блиску до оној на астрологијата и други паранауки од антиката. Може да се користи за “предвидување на иднината преку изготвување на предвидувања врз основа на бројките”.
Во нумерологијата има теорија дека луѓето родени на 13-ти, 14-ти, 16-ти и 19-ти, без разлика од месецот и годината, имаат посебна карма. Прочитајте за што станува збор…
Луѓето родени на 13-ти
За овие луѓе се вели дека ќе го остварат секој сон и секоја цел, но мора да се научат да се справат со пречки. По секој неуспех тие се во колапс емоционално, престануваат да веруваат во себе, имаат чувство дека е крајот на светот, наместо да земат поука и да бидат благодарни што имаат таква можност.
Секоја цел во животот тие ќе ја постигнуваат задолжително со една или две пречки. Но, тоа не треба да ги плаши, туку напротив, да ги мотивира!
Луѓето родени на 14-ти
Овие личности се склони кон фриволно однесување да изневеруваат, да не ги почитуваат другите, да си прават што сакаат. Доколку сте и вие од нив знајте дека вашата карма помалку паѓа во искушенијата и треба да си поставите цел, која ќе ја следите. Таа може да е поврзана со личен развој, развој на бизнисот, учење. Се проценува дека вие имате сила да го промените дури светот.
Луѓето родени на 16-ти
Штом сте родени на тој датум, тоа значи дека треба да дејствувате иновативно. Вие имате карма да иницирате и да ги водите останатите по себе. За целта се бара многу храброст и силна интуиција. Не грижете се, и двете ги имате во изобилство, само потребно е повеќе да поверувате во себе. Не смеете да сте иронични и цинични – тоа однесување ќе ви создаде негативна енергија, која ќе ве оддалечи од судбинскиот пат кој е потребно да се следи. Секој ден треба да давате почеток на нешто ново. И да го правите со сета своја љубов и желба. На пример да посадите дрвце, да заработите пријател, да му помогнете на некого, да направите креативна промена на работното место, да посетите ново место.
Луѓето родени на 19-ти
Вие сте луѓето кои изобилуваат со морална и емоционална поддршка за останатите. Склони сте кон затворање и да си седите главно дома. Тоа треба да се промени. Секој ден треба да разговарате со познати и непознати. Да давате совети, да ги сослушате, да помагате, да мотивирате. Благодарение на вас и вашите зборови, многу луѓе ќе ја откријат среќата, љубовта, а на некои дури и ќе го спасат животот! Вие сте амбасадорите на доброто, раздавачи на надежта, вие сте мудри советници – тоа е вашата судбина.
Никој од нас не може да ги избегне последиците од своите дела. Постои и изрека: „Што си сеел, тоа ќе жнееш“. Патиме обично кога самите ние сме ги создале зрелите услови за страдање. Овој закон за причина и последица не е казна туку напротив, постои во корист на нашето растење, учење, согледување и разбирање на самите себе и светот околу нас.
Еве неколку работи кои ќе ви помогнат да се ослободите од стравот и ќе ве поттикнат да станете креатори на сопствениот живот.
• Што ќе му понудиме на универзумот, тоа ќе ни даде во возврат. Односно, каков инпут – таков аутпут.
• Ако посакуваме љубов, среќа, мир, пријателство… Тогаш самите ние треба да бидеме среќни, мирољубиви и вистински пријатели полни со љубов!
• Животот не се случува сам по себе, потребно е наше учество;
• Бидете свои и опкружете се со она кое сакате да постои во вашиот живот;
• Што одбиваш да согледаш, ќе продолжи да постои се додека не го прифатиш;
• Кај си, таму си! Не постои погрешно време и место.
• Дури и ако работите кои го правиме изгледаат безначајно, многу е важно да ги дотераме до крај бидејќи се што постои во Универзумот е поврзано.
• Секој чекор води до наредниот, и така натака и така натака.
• Не може да мислиш на две работи одеднаш!
• Стари мисли, стари шеми на однесување, стари соништа… не даваат да се родат нови!
• Историјата се повторува се додека не ги научиме лекциите кои ќе ни помогнат да ја промениме патеката.
Srekja.mk