Сите во авионот биле мртви пред падот – летал со автопилот додека имал гориво и паднал


Патниците и членовите на екипажот на исчезнатиот малезиски авион со лет MH370 најверојатно починале од задушување во авионот со кој управувал автопилотот, па паднал со нивните беживотни тела во океанот.

Така објавиле австралиски официјални претставници денес во најновиот извештај.

malezija--boingВо извештајот на австралиската управа за безбедност на воздушниот сообраќај на 55 страници истражувачите изјавиле дека до тој заклучок дошле споредувајќи го овој лет со претходните несреќи, но дека немаат никакви нови информации кои би го поддржале нивното мислење.

Истрагата укажува дека авионот се урнал појужно во Индискиот океан отколку што се претпоставувало, велат австралиските експерти кои сметаат дека подрачјето на потрагата би требало да се помести појужно во однос на досега пребаруваната област. Новото приоритетно подрачје е на околу 2.000 метри западно од Перт, во изолиран дел од океанот каде што има чести бури со силни ветрови и масивни гребени

Новата фаза на пребарување ќе чини околу 56 милиони долари и повеќе.

Новата анализа е објавена после повеќе од сто дена откако Боингот 777 со 239 патници и членови на екипажот исчезна на 8-ми март набрзо по полетувањето од Куала Лумпур кон Пекинг.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1