Сите вработени заболени од Ковид-19 или во изолација ќе бидат платени 100%


Заболените од Ковид, лицата кои се во самоизолација и вработените со симптоми ќе добиваат цела плата додека се на боледување, одлучи Владата на вчерашната седница. До сега лицата кои имаа потврден позитивен тест добиваа 70% од платата, додека останатите , кои беа во самоизолација – 100 отсто. Со новата одлука, оваа дискриминација ќе биде надмината, сметаат работодавачите и Синдикатот. Надоместокот за првите 15 дена останува на товар на газдата, додека остатокот, во целост ќе ги покрива Фондот.

Кога велиме дека ќе користат боледување и дека 100 процентно ќе биде покриено, тоа значи дека Фондот го презема товарот. Значи, остануваат законските одредби, 15 дена работодавачот, после тоа, законската обврска ја презема Фондот“, појасни Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања по денешниот настан во Старата Скопска Чаршија.

Од Синдикатот кои ги штити работничките права задоволни што Владата го прифатила нивното укажување дека заболувањето од Ковид 19 не само кај здравствените, туку кај сите работници изложени на вирусот треба да се третира како професионална болест со право на 100 процентен надомест на плата. Додаваат дека во Правилникот за професионални болести треба да се вметне и Ковид, затоа што голем дел од работниците, вршејќи ги своите работни задачи се заразија или им беше определана изолација поради изложеност на вирусот на работното место, се наведува во соопштението на ССМ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1