Сите жени на Јосип Броз-Тито – сакал полнички (Фото)


Ги сакал жените, и своите и туѓите. Се женел четири пати и имал најмалку уште толку љубовници

tito zeni

Јосип Броз-Тито можеби е една од најконтроверзните личности во модерната југословенска историја. Беше комунист, агент, војник, секретар, политичар и доживотен претседател на СФРЈ. Неговиот социјален живот помалку или повеќе е познат, но неговата втора страна – романтичната – остана таинствена до денес. Она што е сигурно е дека ги сакал жените, и своите, а понекогаш и туѓите. Се женел четири пати и имал најмалку толку љубовници.

tito zeni1„Негова прва жена беше Русинката Пелагија Белоусова, која имала само 15 години кога се омажила за него. Тој тогаш бил во Русија во заробеништво. Се венчале и го добиле синот Жарко.

Се преселиле во Хрватска, но таа по некое време се вратила во Русија, каде што повторно се премажила. Иако се разделиле, таа таму токму поради него паднала во немилост, па дури и била на присилна работа“, вели за „Блиц“ Момчило Јокиќ, автор на книгата „Тајно досие – Јосип Броз“.

Перо Симиќ, новинар, публицист и автор на првата комплетна биографија на Тито, „Тито, тајната на векот“, вели дека во неговите лични документи, кои се чуваат во русиот Државен архив на социјално-политичката историја во Москва, своевремено откри дека Тито во април 1936 година во Москва го раскинал бракот со првата сопруга Пелагија и дека половина година подоцна, исто така во Москва, стапил во брак со една Германка.

tito zeni3„Таа жена се викала Јохана Ана Кениг, родена во германскиот град Химниц. Била мажена за еден висок функционер на германскиот комсомол, кој по доаѓањето на Хитлер на власт е уапсен и осуден на 15 години затвор, а интернационалната организација Црвена помош по тоа организирала заминување на неговата сопруга во Москва, каде што и го добила псевдонимот Луција Бауер“, раскажува Симиќ.

Таа работела во московска фабрика за радиоапарати, а со Тито под тоа име и се мажи (преземајќи го неговото лажно презиме Валтер) во хотелот „Лукс“, во кој живееле функционери на Коминтерната.

Симиќ вели дека тој набрзо ја напуштил Москва, но дека таа останала таму. Во првата половина од 1937 година, од Париз и’ напишал четири љубовни писма, кои покажуваат дека таа била љубовта на неговиот живот.

„Во мојата книга е објавен и документ во кој Тито на репресивните органи на советскиот режим им ги објаснувал своите врски и односи со својата прва сопруга Пелагија, но и со втората – Луција Бауер, која кон крајот на 1937 година е стрелана во Москва под лажно обвинение дека била германски шпион“, вели Симиќ, истакнувајќи дека Тито за Луција рекол дека ќе „претставува голема дамка во неговата биографија“.

tito zeni5Негова трета сопруга беше богатата Словенка, од еврејско потекло, Херта Хас. Момчило Јокиќ вели дека кога се во прашање пресудни моменти во животот, таа за Тито била најзначајна.

Тие се запознале во Париз 1937 година. „Го добија синот Мишо, кој и денес е жив. Меѓутоа, додека беше во брак со неа, веќе ја ’обработил‘ Даворјанка Пауновиќ-Зденка. Таа му беше секретарка“, вели Јокиќ.

Со Херта се разделиле по само четири години, а неговата романса со Даворјанка повеќе не била тајна. Неговите тогашни соработници дури и тврдеа дела нивната љубов била исклучително страсна и често толку гласна, што секретарот на партиската организација на Врховниот штаб морал да оди кај Тито и да му обрне внимание на тоа.

„Тито на тоа му одговорил: ’Марјане, јас не можам без неа‘“, вели Перо Симиќ.

tito zeni2Даворјанка во меѓувреме се разболува од туберкулоза и починува, а Тито барал таа да биде погребана покрај неговата резиденција во Белград.

По нејзината смрт, наводно се обидел да ја врати и поранешната сопруга Херта Хас, која тоа го одбила и која за последен пат го видела во неговиот кабинет во 1946 година. Херта, инаку, почина пред две години во Белград, и никогаш не проговори за својот живот со Тито.

Со Јованка Будисављевиќ, подоцна Броз, се запознава за време на десантот на Дрвар, кога првпат и танцувале. Подоцна таа е одведена во Белиот дворец за да биде домаќинка на куќата.

Дури и се шпекулира дека таа намерно е одведена за да му се умили, да ја освои неговата доверба и да влијае на тоа тој малку да се смири бидејќи, кога се во прашање жените, во тоа време бил ненаситен.

jovanka tito

Уште тогаш всушност и почнува нивната ’игра‘“, вели Јокиќ.

Иако до крајот на неговиот живот тие останаа во формален брак, односот меѓу нив двајцата почна да се урива уште во седумдесеттите години на минатиот век и на крајот се’ се сведе на тоа, таа во последните три-четири години од неговиот живот и не го ни гледаше. (Блиц)

Тито сакаше облини

Големи се контроверзите околу Тито и неговиот љубовен живот, па луѓето тоа не можат ниту да го сфатат. Интересно е и тоа дека сите негови жени и љубовници имале некакви врски со работата и мислам дека тоа не било случајно, туку дека тоа била тактика. Интересно е дека речиси сите биле црнки и сите имале крупни облини – вели Јокиќ.

Foto – Utrinski vesnik

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1