Нова болест – Се пренесува од човек на човек – 8 лица починаа


Американскиот центар за контрола и превенција на болести ги предупреди сојузните и локалните здравствени работници на можноста од инфекција со новиот смртоносен вирус од кој досега се разболеа 14 лица, а осум починаа.

H1N1-virusПоголем дел од случаите на заразата се случиле на Блискиот Исток, но новата анализа на три потврдени случаи во Велика Британија покажува дека вирусот може да премине од човек на човек, соопшти американскиот центар.

Вирусот припаѓа на семејството короновирус кои предизвикуваат обична настинка, но и САРС. Досега ниту еден случај не е забележан во САД.
Според Центарот, секој што ќе развие респираторна инфекција во рамки на десет дена откако ќе се врати од Арапскиот Полуостров или од соседните земји во тој регион, треба да се третира со постоечките протоколи. Симптоми на заразата со новиот вирус се зголемена температура, кашлица и тешкотии со дишењето.

Засега ниту американскиот центар ниту Светската здравствена организација СЗО не објавија предупредувања или забрана за патување поврзано за новиот вирус.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1