„Сити галери“ добива нова барокна фасада


За помалку од една година објектот „Сити галери“ на плоштадот „Македонија“ ќе добие нова барокна фасада

Тендерот што го објави Бирото за јавни набавки е со вредност од 1,5 милион евра, иако првичната проценета вредност од градските власти беше 2,7 милиони евра. Градежните зафати ќе ги извршува компанијата „Урбан инвест“ од Кавадарци, со која градот склучи договор за изведба, а рокот за изработка на фасадата изнесува точно една година.

fontana

 

Освен „Сити галери“, во јуни оваа година беше усвоен и новиот изглед на повеќе објекти во строгиот центар, меѓу кои и зградата „Метропол“ и уште две згради на улиците Македонија и Никола Вапцаров.

Градските власти на последната седница на советот донесоа одлука за реконструкција на фасадата на АДГ „Пелагонија“, со што зградата ќе стане енергетски ефикасна.

Покрај тоа што објектот ќе добие нова фасада, ќе добие и доградба, поради која сопствениците се одлучиле и со свои средства да ја помогнат изградбата. Основниот проект е направен од страна на градежниот институт „Македонија“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1