Трговскиот центар Скопје сити мол соопшти дека согласно одредбите од Законот за заштита и спасување, утре со почеток во 7:30 часот ќе изврши тестирање на системот за заштита и спасување.
Трговскиот центар е управуван од трговското друштво СЦМ РЕТАИЛ ДООЕЛ Скопје.
Тестирањето ќе биде спроведено со цел да се направи проверка на функционирањето на кризниот штаб на трговскиот центар на Универзалната единица – просторните сили за заштита и спасување, како и начин да се тестираат протоколите за реакција во кризни ситуации.
Главната цел на вежбата е справување со пожар и евакуација на сите присутни вработени и посетители во трговскиот за да бидат подготвени за управување на најдобар можен начин со можни ризици и вонредни ситуации.
Евакуацијата ќе биде спроведена од страна на мониторинг-центарот, оперативците од Агенцијата за обезбедување ОСА, како и учество на вработени од службата за хигиена во молот „Хаусмајстор плус“.
Противпожарната вежба ќе биде изведена под надзор на стручни лица од Бригадата за противпожарна заштита и кризниот штаб на Универзалната единица за заштита и спасување на Скопје сити мол.
За време на вежбата строго ќе се почитуваат препораките за заштита од Ковид-19.