Основното јавно обвинителство денеска извести дека оформило предмет по јавно допрен глас за случајот на Тамара Димовска од Велес, и притоа се спроведени низа на службени јавнообвинителски дејствија.
Од истрагата е утврдено дека како осомничени се јавуваат повеќе лица за сторено кривично дело несовесно работење во службата. Во својство на осомничени, лицата се повикани да дадат изјави пред надлежниот јавен обвинител.
„Истрагата продолжува во насока на целосно расветлување на случајот. По завршување на сослушувањето ќе биде донесена мериторна јавно обвинителска одлука за која јавноста ќе биде навремено известена“, се вели во известувањето од ОЈО.