СЈО: Не е вршен притисок врз Крпач


Се истражува причината за вчерашната смрт на Коста Крпач. Од Специјалното јавно обвинителство демантираат дека се вршел каков било притисок врз Крпач, човекот кој беше пронајден мртов во станот во скопски Капиштец.katica janeva 555

Тој доброволно се јавил за сведок, против него не била водена кривична постапка, па според Специјалното обвинителство, нејасна е одлуката на претседателот да го помилува ова лице.

Од Специјалното јавно обвинителство соопштуваат дека поседуваат докази за многу релевантни околности, како и за притисоци под кои се наоѓал Крпач, но овие информации нема да ѝ се соопштат на јавноста, туку на органите на прогонот кои ја испитуваат смртта, велат од обвинителството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1