Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска на прес-конференција призна дека информациите кои излегоа во јавноста дека добиваат фантастично високи плати и додатоци кои се движат од 2.500 до 3.500 евра месечно се точни.
Точни се информациите за личните примања на обвинителите во ова јавно обвинителство. Меѓутоа, сакаме да потенцираме дека сите плати, додатоци на плата се пресметуваат согласно законските одредби и не ги надминуваат границите кои што законот ги предвидува, рече портпаролката на СЈО, Ленче Ристоска.
Таа додаде деа заради специфичноста на работата, доколку се земела во предвид и обемноста со која што се соочувале, вработените во ова јавно обвинителство примале и дополителни надоместоци.
Платата и додатоците на Катица Јанева кои достигнуваат и до 3.500 евра месечно очигледно не и’ се доволни, па како што јавноста веќе знае, Јанева побара од државата да и’ плаќа и месечна кирија од околу 300 евра за стан во Скопје, иако има два стана на нејзино име.