СЈО тврди дека Керим е недостапен – Керим демантира


Специјалното јавно обвинителство не може да ги лоцира некогашните први луге на „Медија принт Македонија“. Отаму велат дека Срѓан Керим и Јана Станисављева веќе два месеци се недостапни за обвинителството.

Велат дека неуспешни биле нивните обиди да им достават покани за распит за предистражната постапка која ја водат за стечајот на МПМ. Последниот контакт на обвинителите со нив бил на почетокот на октомври од кога куририте на СЈОП не можат да им достават нови покани.

Срѓан Керим, поранешниот косопственик на пропаднатата МПМ во телефонски разговор за Сител ги демантира ваквите тврдења на СЈО. Велид ека е во Опатија каде има свој стан и дека е постојано достапен за Специјалните обвинители.

Двајцата поранешни сопственци на весниците Дневник Вест и Утрински. Керим и Станисављева м се сомничат за лажен стечај, за злоупотреби на средства на доверители во износ од неколку милиони евра , како и за злоупотреба на службената положба. И двајцата ги застапува адвокатот Антонио Апостолски. Случајот , по пријава на синдикатот, го отвори Основното јавно Обвинителсто, а потоа надлеќоста ја презеде СЈО.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1