СЈО вршеше претрес кај Панчевски – Брза помош пред Кривичниот суд,


 

Заврши претресот на СЈО во канцелариите на екс претседателот на Кривичен суд, Владимир Панчевски. Истражителите влегле во судот во 12.30 часот, а екипата истражители ја предводат обвинителките Катица Јанева и Ленче Ристоска. Од СЈО и од МВР ја потврдуваат акцијата.

Четири часа истражителите на СЈО беа во зградата на Основниот суд Скопје 1. Еден час по влегувањето на истражителите од СЈО (околу 13.30 часот), пред судот пристигна амбулантно возило чија лекарска екипа повеќе од три часа им дава лекарска помош на дел од лицата кои се „таргет“ на СЈО.

Зградата на судот беше окупирана од бројни новинарски екипи, а објектот под клуч неколку часа.

Според изјавата на Катица Јанева која ја пренесува Алсат – Одземен е персонален компјутер на екс-шефот на Кривичен, Владимир Панчевски, а извршен е претрес и во неговиот дом и кај двајца информатичари вработени во судот. СЈО се сомнева дека Панчевски местел предмети да се паднат кај одредени судии. Јанева посочи дека сомнежите за предистражната постапка се добиени од прислушувани разговори кои не се директно поврзани со екс-шефот на Кривичен, Владимир Панчевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1