Училиште во Австралија се извини откако момчето, кое на маскенбал дошло облечено како Адолф Хитлер и ја освоило наградата за еден од најдобро маскираните ученици. Како што пренесе Би-би-си, инцидентот се случил во приватното средно училиште „Ст. Филип “во Алис Спрингс.
Училиштето посебно им се извинило на еврејските ученици кои биле тука на размена, а кои присуствувале на маскенбалот.
Директорот на училиштето рекол дека ученикот однапред прашал „угледна вработена во училиштето“ дали може да се маскира во нацистичкиот диктатор и дека добил потврден одговор.
– Сега апсолутно е скршена поради тоа што го направила и загрижен сум за нејзиното здравје – рекол директорот Роџер Херберт.