Француската млекарница „Трибала“ соопшти дека повлекува дел од количините на сирењето „Шавињол“ од целата земја, откако во нив е утврдено присуство на бактеријата ешерихија коли,објави франсускиот весник „La parisienne“
Серијата со ознаката FR 18.194.050 CE на заразено козјо сирење „Шавињол“ веќе е пуштена на пазарот, во сите продажни синџири и продавници за млечни производи.
Млекарницата ги предупреди потрошувачите да не ги консумираат споменатите производи, доколку веќе ги купиле.