Мајка Tереза, Лидија од Македонија – нови имиња на нови објекти во Скопје


  На наредната седница на Советот на град Скопје советниците треба да гласаат по предлогот на градоначалникот Коце Трајановски катната гаража на улица „Даме Груев” да го носи името Тодор Александров.

zgradi skopje„Тодор Александров претставува личност која активно учествувала и придонела во македонската револуционерна борба и со својот револуционерен карактер придонел кон зачувување на Македонската револуционерна организација… Со донесувањето на оваа одлука градот Скопје ќе придонесе кон зачувување на споменот и значењето на ликот на Тодор Александров во историската борба за самостојност и сувереност на Република Македонија“, пишува во предлогот.

Пред советниците ќе биде и предлогот објектот каде што се сместени градските власти да се преименува во Градска куќа „Мајка Тереза“.

„Со именувањето на административиот објект, градот Скопје ја изразува својата почит во одбележувањето на нејзиниот лик и дело и го потенцира значењето што на светско ниво го има Мајка Тереза. На овој начин, со донесувањето на оваа одлука градот Скопје ќе придонесе кон зачувување и негување на споменот, ликот и делото на Мајка Тереза и нераскинливата врска што ја има со Скопје, како најистакната личност од историјата и културата на градот Скопје и воопшто на Република Македонија“, стои во образложението.

Предлогот на директорот на Агенцијата за електронски комуникации за имиња на новата зграда на агенцијата и на кулата на Водно бил прифатен. Новата зграда на Агенцијата за електронски комуникации која се гради во центарот на Скопје ќе се вика „Објект Лидија од Македонија“ , а антенскиот систем за контрола и мониторинг на радиофреквенции во Република Македонија на врвот на планината Водно ќе се вика „Кулата на Александар“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1