Преку 70.000 незаконски снимени разговори се пронајдени кај осомничените во случајот „Фабрика за лични карти“, дознава Пресс24 од извори во истрагата.
Според истите извори, овие фајлови биле складирани на еден од надворешните хард дискови во фолдер именуван „СДСМ – Заев“.
Фолдерот бил креиран во септември 2015 година, односно после потпишувањето на договорот од Пржино и обврската преземена од Зоран Заев за преземање на незаконски стекнатите материјали, пишува Пресс24.