Фатени со знаме на ИСИС: Во Сараево уапсени 11 лица – подготвувале терористички напади (ВИДЕО)


Во голема акција по налог на обвинителот од отсекот за тероризам, во Сараево уапсени се 11 лица за кои се смета дека се поврзани со Исламска држава и дека планирале да извршат терористички напади.

Во акцијата е уапсен еден од главните лица задолжени за планирање на терористичките напади.terorist saraevo policija

Имено, во истрагата било откритиено дека уапсените биле поврзани и дека одржувале контакти со групи и структури на Исламска држава, како и со лица кои се на боиштата во Сирија и Ирак, а се од Балканот.

Првично мета на акцијата биле 15 лица, иако се уапсени само 11. Во акцијата бил извршен претрес на две места кои ги користеле за верски состаноци, како и голем број на куќи и приватни објекти кои ги користеле.

Како што пренесува Телеграф.рс, претресени се повеќе објекти во Рајовац, каде пред два месеци се случи терористички напад во кој беа убиени двајца војници.

При претресите се најдени доказни материјали кои укажуваат на поврзаност со структури на Исламска држава. Во акцијата учествувале над 100 полицајци, а уапсените се обвинети за поттикнување терористички активности и врбување за терористички активности.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1